Колку чинат батериите за електричните автомобили?

Колку чинат батериите за електричните автомобили?

Една анализа вели меѓу 30 и 73 отсто од вредноста на возилото

Објавено на 10 декември 2019 година

Сите знаеме дека главна пречка за омасовување на електричните возила се батериите. И додека алтернативно настроените возачи се подготвени да ги прифатат нивниот мал капацитет и долгото време на полнење, цената останува сериозна пречка. Се очекуваше дека со зголемувањето на производството таа ќе паѓа, но тоа не се случи во обем каков што се посакуваше. Така и сега батериите за електричните автомобили чинат мало богатство – доволно за тие пари да се купи уште еден таков автомобил. Конкретно, една анализа од Германија вели дека цената на батериите се движи меѓу 30 и 73 отсто од вредноста на возилото. Искрено, се работи за споредба на цената на батериите како дел кој треба да се замени во сервис (кога тие ќе откажат), а не за прво фабричко вградување, но бројките кажуваат доволно за неповолниот однос.

Така, батериите за актуелниот европски автомобил на годината во Европа Jaguar i-Pace чинат 32.450 евра, а новото возило 79.450, што значи дека цената на батериите како резервен дел е 41 отсто од вкупната вредност на новиот автомобил. Ист процент од цената имаат и батериите за Renault Zoe, а нешто поскапи се оние за електричните модели на Hyundai, Kona и Ioniq. Тие за двете возила чинат идентични 16.955 евра, но споредено со нивната цена зафаќаат 49 односно 51 отсто. Рекордер сепак е електричниот Peugeot iOn, односно Mitsubishi i-MiEV, за чии батерии треба да се издвојат дури 73 отсто од вкупната негова вредност (16.000 наспроти 21.800 евра).

За жал, индустријата не е многу оптимистички настроена кон овој проблем, така што тој и понатаму ќе остане сериозна сопирачка за масовна продажба на електричните возила.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER