Кинезите развија батерии кои ќе траат два милиoна километри

Top News Занимливости

Кинезите развија батерии кои ќе траат два милиoна километри

Објавено на 10 јуни 2020 година

Завршуваат ли ноќните мори за производителите на електрични возила? Кинеската компанија Contemporary Amperex Technology Co. Ltd., или на скратено CATL, е подготвена да започне со производство на батерии за електричните возила кои ќе траат 16 години и со кои ќе можат да се поминат два милиона километри. Тие велат дека наскоро ќе започнат да примаат нарачки за нив, по цени кои се за само 10 отсто повисоки од досегашните. Иако во индустријата постои резервираност во однос на тврдењата на Кинезите, доколку тие успеат да произведат доволни количини од овие батерии тоа би значело сериозна пресвртница во побарувачката на електричните возила. CATL е најголем светски производител на батерии за електричните возила и ги снабдува Tesla, Volkswagen, BMW, Toyota, General Motors и други. Кинезите во моментот градат фабрика за батерии за електричните возила во Германија.