Кина – Годинава ќе продаде рекордни шест милиони БЕВ

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Змејот ги шири крилјата!

Кинеската асоцијација за патнички автомобили ја зголеми својата проценка откако продажбата на БЕВ се зголеми повеќе од двојно во јули!

Продажбата на електрични возила произведени во Кина се предвидува да достигне рекордни 6 милиони оваа година, бидејќи побарувачката за почисти автомобили расте. Кинеската асоцијација за патнички автомобили ја зголеми својата првична проценка за годинава од 5,5 на шест милиони откако ги објави податоците кои покажуваат дека испораките на возила со „нова енергија“ се зголемени повеќе од двојно во јули на околу 486.000 возила што претставува 27 отсто од пазарот.

Зголемената прогноза претставува удвојување од минатогодишните продажби од 2,99 милиони БЕВ, што го нагласува драматичниот раст на побарувачката за почисти автомобили и предизвикот производителите на автомобили да се прилагодат на пазар кој брзо станува зелен.

 

Зголемената прогноза сè уште е „релативно претпазлива“ бидејќи може дополнително да се зголеми на почетокот на четвртиот квартал. Гигантот BYD оваа година го заврши производството на автомобили напојувани само со фосилни горива, претходно објави месечна продажба од вкупно 162.530 чисто електрични возила и плагин хибриди.

Добар показател е што  помалите стартапи исто така се пробиваат поради зголемената побарувачка за „зелени автомобили“. Така Hozon New Energy Automobile која постои само осум години започна со таргетирање на клиенти надвор од големите градови со буџетски автомобили. Успеа да испорача 14.037 возила минатиот месец, вклучувајќи 1.382 на прекуокеанските пазари. Leapmotor Technologies сконцентрирана во истиот ценовен опсег како Hozon, испорача рекордни 12.044 автомобили. И двете ги надминаа поголемите имиња Xpeng, Li Auto и Nio, иако трите компании во САД испорачаа повеќе од 10.000 автомобили минатиот месец.

Централната и локалните кинески власти, исто така, презедоа чекори за да и помогнат на автомобилската индустрија да се опорави од заклучувањата и ограничувањата предизвикани од COVID-19 што ја намали продажбата на почетокот на оваа година. Во мај, централната влада ги намали даноците за купување на некои патнички возила со ниски емисии за 50 отсто, додека општинските власти започнаа со субвенции и стимулации за да ги привлечат купувачите.

И покрај спорадичните епидемии на СОВИД-19 во делови од земјата, целокупното производство на автомобили и синџирите на снабдување во голема мерка закрепнаа. Продажбата на патнички возила може да продолжи со двоцифрен раст, откако забележи пад во четири последователни квартали поради ограничувањата во синџирот на снабдување.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER