Катните гаражи Македонска фаланга и Тодор Александров означени со новите имиња
Објавено на 14 октомври 2019 година
Скоро цела година откако беа преименувани, катните гаражи Македонска фаланга и Тодор Александров конечно добија ознаки со новите имиња. Советот на Град Скопје лани во ноември донесе одлука за преименување на овие две катни гаражи во 26-ти Јули и Беко како пример на вреднување на историјата и на имињата кои потекнуваат од обновата на Скопје по земјотресот. Одлуката веднаш беше објавена во службениот гласник на градот со што стапи на сила, а спроведена дури сега со поставување на таблите со новите имиња.