Карлос Гон повторно во апс!

Карлос Гон повторно во апс!

Поранешниот прв човек на Renault и Nissan стана чест гостин во јапонските притвори

Објавено на 5 април 2019 година

Откако пред кратко време беше пуштен да се брани од слобода, Карлос Гон повторно се најде зад решетки во Јапонија – по четврти пат ако броиме прецизно. Тој беше уапсен на 19 ноември минатата година заради финансиски малверзации, а потоа, заради законската неможност притворот бесконечно да му биде продолжуван, формално додека уште беше зад решетки беше уапсен уште два пати за други обвиненија. Со кауција од околу осум милиона евра конечно беше пуштен на почетокот на март, но јапонските обвинители му пронајдоа нови оптужби за малверзациите што ги правел и го вратија таму каде сметаат дека му е местото. Деценискиот директор на Renault и Nissan и сега како и порано отфрла сé што му се припишува, порачувајќи дека, цитираме: „нема да го скршат“. Неговото повторно испраќање во притвор уследи веднаш по најавата за прес конференција на која, како што изјави тој, ќе ја објавел вистината за тоа што се случува. Но која и да е, јасно е дека јапонските власти се уверени во своите постапки против него и дека нема така лесно да се откажат.

Сето ова се случува скоро истовремено откако на негова адреса стигна обвинение од Renault за сомнителни и скриени практики, проследено со соопштение дека француската компанија ќе ја прекине неговата пензија која изнесува околу 765.000 евра годишно.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER