Како правилно се изговараат имињата на јапонските автомобили (видео)
Објавено на 13 јули 2019 година
Неретко сме слушнале како луѓето кои не се многу упатени во автомобилите на свој начин ги изговараат имињата на марките, што често знае и да предизвика смев, посебно кај јапонските производители. Знаејќи дека лингвистичкиот јаз меѓу оригиналниот изговор и пренесен на било кој друг јазик е доста голем и дека се можни бројни сопствени интерпретации, овој млад Јапонец на доста интересен и сеопфатен начин ги објаснува корените на имињата на јапонските марки автомобили и како тие правилно се изговараат. Иако е малку долго, видеото вреди да се погледа.
Видео