Како (не) се краде Golf GTi
Објавено на 11 април 2019 година
Некој ќе каже дека да беа паметни немаше да бидат апаши туку инженери, адвокати, доктори… Друг пак дека има крадци кои никогаш нема да ги фатат, но и помалку вешти кои ќе се заплеткаат во сопствената мрежа и ќе останата без плен. Овие спаѓаат и во двете категории. Нивната желба била од товарен воз да однесат сосема нов Golf GTi TCR и првиот дел од работата успешно го завршиле – под закрилата на ноќта го симнале од вагонот преку рампа што сами дома ја направиле. Потоа извадиле дел од заштитната ограда на колосекот на една железничката станици недалеку од Минхен за да го протнат низ дупката, но тогаш сé тргнало наопаку – радиусот на свртување на автомобилот испаднал поголем од планираното о тој заглавил меѓу столпчињата на оградата. Во паника тие го оставиле автомобилот со запален мотор и избегале носејќи со себе два инфозабавни системи што претходно ги извадиле од други автомобили. Обидот за кражбата бил откриен дури утредента наутро. Во потрагата по крадците бил употребен и хеликоптер, но залудно – тие не се пронајдени.