И Lada Niva го напушта европскиот пазар

Top News Вести

И Lada Niva го напушта европскиот пазар

После Vesta, престанува продажбата и на Lada Niva во Европа

Објавено на 8 јуни 2020 година

Lada Niva, или официјално Lada 4×4, нема веќе да се продава низ Европа. Овој руски теренец и покрај своите 43 години беше популарен меѓу Европјаните заради своите исконски теренски можности, но сега мора да ја заврши својата кариера заради тоа што не може да ги задоволи еколошките стандарди. Иако како модел таа е стара само пет години истото се случи пред една година и со Vesta заради моторот со стара технологија. Lada Niva во Европа се продава(ше) со 1,7 литарски мотор со 83 коњски сили, кој номинално ги задоволува Euro 6d temp нормите но има емисија на CO₂ од 226 g/km. Нејзината цена во Германија изнесуваше 11.990 евра. Според податоците, лани од Lada Niva на европските пазари се продадени 2.961 примерок.

клучни зборови: , ,