Истражување потврди – Согорувањето на фосилните горива може да го зголеми ризикот од деменција и Алцхајмерова болест

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Нов удар за класичните мотори

Негативната кампања за моторите на внатрешно согорување продолжува низ призма на нови научни истржувања…

Заклучокот на новата студија направена од тим автори од Универзитетот Емори во Атланта, Бостонската школа за јавно здравје Харвард, Универзитетот во Копенхаген во Данска, Медицинскиот факултет на Универзитетот Џонс Хопкинс во Балтимор и други носи откритие што може да го промени начинот на кој го перципираме моторот на внатрешно согорување и согорувањето на фосилните горива.

Истражувањето беше спроведено во САД и го проучуваше влијанието на ситните честички кои се познати како ПM 2.5. Кога сме изложени на нив, може да се забележи кашлање, иритација или отежнато дишење. Примарни извори на ПM 2,5 се возилата, но студијата укажува дека согорување дрва, шумски пожари, пушењето, па дури и готвењето може да го зголемат бројот на ситни честички во воздухот.

Ова ново истражување имаше за цел да открие дали и како изложеноста на ситни честички влијае на здравјето на нашиот мозок. Истражувачите заклучија дека живеењето во средини каде што е присутен ПM 2,5 ги зголемува шансите за Алцхајмерова болест за 9% и деменција за 6-7%. Освен тоа, авторите откриле дека некои состојки на PM 2.5 честичките можат да бидат поопасни за луѓето.

Тоа се нитрати, сулфати и прашина кои се поврзуваат како катализатори на гореспоменатите болести. Во студијата се нагласува дека долготрајната изложеност на масата PM 2,5 што доаѓа „од сообраќај и извори на согорување на фосилни горива е значително поврзана со зголемена инциденца на деменција или Алцхајмерова болест“. Докторите потсетуваат дека Алцхајмеровата болест е форма на деменција која ги опфаќа сите проблеми што може да ги има со намалувањето на менталните способности и дека Алцхајмеровата болест влијае на делот од мозокот кој е одговорен за учење. Во моментов, нема ефективен третман за овие заболувања.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.00 ден
  • еуросупер 98 - 82.50 ден
  • еуродизел Д5 - 81.50 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 123.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER