Има сé на овој свет » Германец обвинет на намерна штета на 642 возила!

Top News Занимливости

Германец обвинет на намерна штета на 642 возила!

Еден 26-годишен Германец е изведен пред суд бидејќи со остар предмет изгребал 642 автомобили, нанесувајќи штета од 930.000 евра

Објавено на 13 јануари 2020 година

Германските обвинители имаа полни раце работа додека го документираа случајот во кој еден Германец нанел штета во висина од скоро милион евра на ни помалку ни повеќе туку точно 642 возила гребејќи ги со остар предмет. 26-годишниот неименуван жител на Баварија од само нему познати причини во периодот меѓу февруари и април 2018 година наводно изгребал дури 1.700 возила судејќи според првичните пријави за штета во износ од дури 2,3 милиона евра, но доказите го обвинуваат „едвај” за споменатите 642 возила. Тие се собрани откако полицијата формирала посебна единица за истражување на случајот кој забележал астрономски мерки после огромниот број поплаки од сопствениците на изгребаните возила. Но ни тоа не било доволно бидејќи според признанието на властите тие го уапсиле човекот кој ги вандализира автомобилите случајно – после пријавата на една жена која слушнала необични звуци на паркингот пред својата зграда и моменталната реакција на полициската единица која била во непосредна близина. Причината зошто овој Германец го има правено тоа воопшто не е позната, ниту пак со каква казна ќе се соочи.