Избрани финалистите за титулата „Автомобил на годината во Македонија“ за 2019-та

Избрани финалистите за титулата „Автомобил на годината во Македонија“ за 2019-та

Објавено на 16 јануари 2019 година

Согласно условите за учество во изборот на автомобилот на годината за 2019 во Македонија, националното жири ги одбра возила кои годинава влегуваат во финалето. Според пропозициите, за титулата ќе се натпреваруваат Kia Ceed, Citroen C5 Aircross, Volvo XC40, Opel Grandland X и Ford Focus. Однапред утврдената динамика предвидува детални запознавања на членовите на жирито со финалистите. По анализата на сите својства на возилата кои се избрани за финалисти и по практичното запознавање со возните карактеристики, секој од членовите на жирито ќе гласа за еден од нив, а ќе гласаат и импортерите на возила кои во изборот имаа финалист – нивниот глас ќе се брои рамноправно со оние на членовите на жирито. Титулата ќе ја понесе оној автомобил кој ќе освои најмногу гласови. Кој од наведените финалисти ќе биде тоа, ќе дознаеме во средината на февруари 2019 година кога ќе биде прогласувањето на победникот.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER