Зголемени акцизите за горивата

Top News Македонија

Зголемени акцизите за горивата

Објавено на 21 април 2020 година

За три денари по литар, односно со ддв за околу три ипол денари поскапуваат горивата. Владата ја донесе одлуката за зголемување на акцизата како антикризна мерка, која веќе е објавена во службен весник. Се чека регулаторната комисија да ги одреди новите малопродажни цени на горивата, кои според сета логика требаше да бидат пониски заради надолното движење на цената на нафтата и дериватите на светските берзи.