Женева 2019 :: Mercedes настапи со македонски бои

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Mercedes настапи со македонски бои

Македонскиот дизајнер Славче Таневски премиерно во Женева го претстави своето ново дело

Објавено на 5 март 2019 година

Нашиот Славче Таневски на салонот на автомобили во Женева пред светската јавност утрово премиерно го претстави своето ново дело Mercedes-Benz CLA Shooting Brake. Тој својата презентација ја за почна со своите први цртежи од само 2-годишна возраст, кусо објаснувајќи ги своите визуелизации за автомобилите. Славче е еден од најмладите членови на врвниот тим на дизајнери на Mercedes каде досега самостојно креираше неколку модели за најстариот автомобилски бренд во светот.

Новиот CLA Shooting Brake е попрактична интерпретација на четиривратното купе чија нова генерација беше претставена во Лас Вегас. Изразениот стајлинг доминира и ги сокрива зголемените димензии – должината и широчината за околу 5 сантиметри. Поголемо е и меѓуоскиното растојание кое на CLA Shooting Brake му подари пораскошен простор во ентериерот. Таму изненадувања нема – организираноста е иста како и кај неговиот механички донатор, од кој се преземени целокупната погонска понуда и електронските асистенти. За пофалба е и коефициентот на отпор на воздухот, кој е задржан на минимални 0,26.

Mercedes CLA Shooting Brake во продажба ќе се најде во септември.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER