Женева 2019 :: Lamborghini Huracan Evo Spyder

Зелен ураган протатна низ Женева

Да не ве залажува зелената боја – Huracan Evo Spyder не е хибридот на Lamborghini за кој во последно време доста се зборува

Објавено на 5 март 2019 година

После појавувањето на обновениот Huracan во купе изведба, Lamborghini ја подготви и неговата Spyder варијанта. Изменетиот браник со спојлерот и отворите за воздух му даваат нешто поагресивен изглед. На задниот дел се забележуваат дотераните светла, новиот дифузер и издувните цевки сместени над него. Визуелните измени ги заокружуваат 20-инчните тркала и бочните отвори за воздух. Атмосферскиот V10 мотор доби мало засилување и сега располага со 640 коњи кои ги остварува при 8.000 вртежи во минута. Забрзувањето од 0 до 100 километри на час трае 3,1 секунда, а до 200 му требаат три пати по толку. За спуштање на покривот, пак, ќе требаат 17 секунди, што може да се стори при брзини до 50 km/h. Максималната брзина на овој отворен двосед изнесува 325 км/х, додека за запирање од 100 км/х му требаат точно 32,2 метри.

Во пакетот вреден 202.437 евра без давачки према државата се вклучени и активно ослонување, управување на сите четири тркала, интегриран систем за контрола на динамиката, рафиниран издувен систем, па дури и 8,4-инчен екран чувствителен на допир. Неколкуте режима на возење се надополнуваат со опциононалниот телеметриски систем со две камери и широкиот список за дотерување на ентериерот.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER