Женева 2019 :: Чешка офанзива

Чешка офанзива

Покрај главниот новитет Kamiq, од Škoda за претстојниот салон на автомобилите во Женева подготвија уште изненадувања

Објавено на 13 февруари 2019 година

Чесите на ова манифестација ќе ја покажат студијата Vision iV, која е електричен кросовер со кој се најавува иден сериски модел. Со изгледот е сличен на Vision E концептот од 2017 година, со кој заедно ја најавува електричната иднина на марката. Vision iV се опишува како кросовер купе со четири врата, при што на него меѓу другото се истакнуваат ЛЕД дневните светла што се протегаат по целата должина на предниот дел. Во внатрешноста може да се очекуваат решенија кои ќе бидат слични на ланскиот Vision X концепт претставен исто така во Женева. Škoda засега ги нема соопштено техничките спецификации за него, но според поранешните најави серискиот модел ќе ја користи Volkswagen-овата MEB платформа за електрични возила. Тој во продажба се очекува во 2021 година, со автономија од околу 500 километри. Пред него Škoda на купувачите ќе им ги понуди електричниот Citigo и plug-in хибрид верзијата на Superb.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER