После подолг период препукувања и меѓусебни обвинувања, европската комисија и асоцијацијата на производители на возила имаа стратешки дијалог од кој произлезе порака дека е потребна смела и брза акција во три одвоени насоки. Конкретно, истовремено мора да се исполнат три цели – декарбонизација, засилување на конкурентноста и на отпорноста на синџирот на снабдување бидејќи само таков баланс може да овозможи европската авто-индустрија да ја одржи водечката улога во глобалната транзиција кон нулти емисии. Се нагласува дека итно треба да се прилагодат стандардите за издувните гасови кон реалната ситуација, да се зголемат мерките кои ја поттикнуваат побарувачката и да се обезбедат клучните предуслови за тоа како што се пристапната енергија и широката инфраструктура за полнење. Посебно кај комби возилата чија состојба на пазарот е оценета како критична со оглед дека електричните учествуваат со само 8,5 отсто. Индустрија е децидна – возилата се подготвени но условите за нивна употреба не се. На ред сега се политичарите да ги спроведат заклучоците. ЕУ се согласи да ги забрза мерките за зајакнување на европската автомобилска индустрија, бидејќи се соочува со закани од кинеската конкуренција, американските царини и запирањето на транзицијата кон електрификација, но регулаторите не отстапуваат од рокот за нулта емисија до 2035 година, што го бараше индустријата.


