Високи стандарди и постојано усовршување
Од почетокот на работењето на лимаро-фарбарскиот центар до денес, професионалците во лимаро-фарбарскиот центар се имаат погрижено за преку 12.000 возила. Тимот е сочинет од десет професионалци кои користат најсовремена технологија потребна за функционирање на еден врвен лимаро-фарбарски центар. Сега откако Еуроимпекс е генерален увозник и за брендот Opel, се очекува бројот на задоволни клиенти да биде мултиплициран. Во текот на 15-те години се користат авторепаратурни материјали од светски брендови, најнова опрема и секако оргинални резервни делови, кои подлежат под гаранција од принципалот Stellantis.
Тоа се многу значајни предуслови за квалитетно завршена поправка и задоволни клиенти. Долгогодишното искуство и постојаното вложување во практични и теоретски обуки на тимот, како и активното следење на трендовите и користењето на најнова опрема за мерење и поправка на геометријата на возилата, користењето на најнови материјали согласно ЕУ регулативите, не остава простор за сомнеж. Лимаро-фарбарскиот центар на Еуроимпекс нуди услуги на авторепаратурна поправка на возила, ситни козметички корекции на каросеријата, поправка-репарација на ветробрански стакла, полирање на предни фарови и задни штопови на возила, комплетно полирање на цело возило со адекватна заштита. Лимаро-фарбарскиот центар на Еуроимпекс, за двата брендови Peugeot и Opel се наоѓа во просториите на Бул.Трета Македонска Бригада број 72, 1000 Скопје.