Changan официјално во Македонија!
Компанијата Еуроимпекс, позната како генерален застапник на 7 брендови, а како најпознати двата глобални автомобилски бренда Peugeot и Opel, од вчера официјално стана дом на уште еден автомобилски бренд.
Еуроимпекс официјално го претстави брендот Changan, отворајќи ново поглавје во своето повеќедецениско искуство во автомобилската индустрија и дополнително збогатувајќи ја понудата со возила кои ги комбинираат луксузот, дизајнот, безбедноста и врвната технологија. Со ова македонскиот пазар добива поголем избор на сé поприсутните кинески возила, а во рамките на компанијата „Еуроимпекс“, ќе имаат на располагање сеопфатна понуда на едно место.
Changan е еден од четирите најголеми автомобилски производители во Кина и еден од најбрзо растечките глобални брендови во сегментот на интелигентната и одржлива мобилност. Со повеќе од 60 години искуство во автомобилската индустрија, Changan денес е присутен во над 100 пазари ширум светот, располага со глобална мрежа на истражувачко-развојни центри во Кина, Италија, Германија, Велика Британија, Јапонија и САД, како и со десетици производствени капацитети и илјадници инженери и експерти кои работат на развојот на мобилноста на иднината.
Со континуирано инвестирање во иновации, електрификација и паметни технологии, станува еден од водечките автомобилски брендови во светот. Филозофија „Smart Your Future“ ја отсликува посветеноста na Changan кон создавање возила кои нудат безбедно, интелигентно и поврзано возачко искуство.
„Со особена чест и гордост воведуваме нов бренд во нашето портфолио. Кинескиот автомобилски гигант, Changan. Овој бренд претставува совршен спој на иновација, технологија и квалитет, а нашата цел е на клиентите да им понудиме автомобили кои ги исполнуваат највисоките светски стандарди. Убедени сме дека Changan ќе биде освежување на домашниот автомобилски пазар и ќе постави нов праг на очекувања кај потрошувачите“, изјави Извршниот Директор на Еуроимпекс – Зоран Серафимовски
„Во првата фаза, клиентите ќе имаат можност да се запознаат со моделите кои веќе успешно се претставуваат на европските пазари, нудејќи напредни системи за безбедност, современи дигитални технологии, електрифицирани погонски решенија и врвно ниво на комфор. Со официјалното пристигнување на Changan, купувачите во Македонија добиваат не само нов автомобилски бренд, туку и целосно корисничко искуство кое вклучува професионална продажба, овластен сервис и постпродажна поддршка, согласно највисоките стандарди на производителот.“ – изјави Ивана Мначева Михајловска – Заменик извршен и Маркетинг Директор во Еуроимпекс.















