Еуроимпекс во партнерството со програмата Eразмус+

Македонија

Еуроимпекс во партнерството со програмата Eразмус+

Компанијата Еуроимпекс го продолжува партнерството со меѓународниот проект во рамките на програмата Еразмус+

Објавено на 29 мај 2020 година

Продолжувајќи ја традицијата на взаемна соработка, Еуроимпекс и годинава соработуваше со АСУЦ Боро Петрушевски во процесот на реализирањето на проект од програмата Еразмус+, под назив „Развивање на професионалните и меките вештини за полесно вклучување на пазарот на труд“. Учениците реализираа практична обука во времетраење од 14 дена во февруари годинава, во сервисните центри за возила во Вилнус, Литванија, а исто така, реализираа и часови по практична настава во тамошното партнерско стручно училиште. Со цел учениците да можат полесно да се вклучат и да се адаптираат на работните услови во сервисните центри за возила, Еуроимпекс овозможи професионална подготовка на тој начин што учениците беа директно вклучени во сервисниот работен процес реализирајќи различни задачи во областа на автомобилската мехатроника, користејќи најразличен алат и опрема, со несебична поддршка и менторство од страна на одговорните лица на компанијата. Во процесот на подготовка, учениците учествуваа во тимската работа на компанијата и го подигнаа квалитетот на своите комуникациски способности.

Поддршката од страна на компанијата Еуроимпекс беше од големо значење и придонесе за зголемувањето на успешноста на реализирањето на обуката, со оглед на тоа што учениците за време на практичната обука вршеа комплетен сервис на различни видови возила, дијагностика, користеа современ алат и уреди, ги усовршија и своите вештини (комуникација, однос со вработени, тимска работа и сл.), се запознаа со најсовремени системи на возила, тестери, макети, симулатори и сл. Добиените меѓународни сертификати за секој ученик поединечно, ја потврдуваат успешноста на реализираната практична обука во Литванија. Во проектот, беа вклучени и 6 наставници, кои разменија искуства со наставниците од тамошното партнерско училиште, чиишто искуства можат да се применат во иднина во АСУЦ Боро Петрушевски а, исто така, и во процесот на соработка со долгогодишниот социјален партнер Еуроимпекс. „Отворањето на вратите на нашите сервисни центри и пружање на професионални обуки на студентите и учениците секогаш било добредојдено во нашата компанија. Еуроимпекс како општествено одговорна компанија има за цел да им овозможи на идните генерации можност одблиску да се запознаат со работењето и да стекнат искуство повеќе при соочување со реален проблем и сервис на некое возило. На тој начин во иднина истите тие ќе можат да дадат свој придонес во општеството и подобрување на работниот кадар на автомобилските компании“ – изјави Зоран Серафимовски, извршниот директор на Еуроимпекс.

Да нема забуна, сите фотографии што ги гледате тука се снимени во февруари годинава, што значи пред корона-пандемијата да го окупира нашето секојдневие. Заради тоа и никој не носи заштитна маска.

клучни зборови: