Есенскиот дожд го зголемува ризикот од пливање на пневматиците

Есенскиот дожд го зголемува ризикот од пливање на пневматиците

Длабочината на шарата и стилот на возење стануваат поважни од оценките за прилепување на пневматиците на мокро

Објавено на 25 септември 2019 година

Есенскиот дожд поставува дополнителни барања пред пневматиците. На преминот на летото во есен вечерите стануваат потемни, а дождот сé почест. Колотразите на патиштата можат да бидат опасни и за време и после силен дожд. Ризикот од пливање на пневматиците се зголемува кога водата ќе се насобере на површината на коловозот и тој нема време да се исуши. Според експертот од компанијата Nokian Tyres, високата оценка за прилепување на пневматиците на мокро сама по себе не е доволна за да се избегне ризикот од пливање на пневматиците. Под пневматиците се создава водена перница кога шарата на газечката површина не успева да ја исфрли сета вода меѓу пневматиците и коловозот. Заради тоа пневматиците го губат прилепувањето и управувачот престанува да реагира, така што возачот веќе не може да го контролира возилото. Пливањето на пневматиците може да ги изненади и најискусните возачи бидејќи е невозможно однапред да се извежба реагирањето во такви ситуации.

Проверете ја состојбата на пневматиците и притисокот во нив

Висококвалитетните летни пневматици со доволна длабочина на шарата и понатаму се најсигурниот избор на мокрите есенски патишта. – Состојбата на вашите пневматици претставува битен фактор за спречување на пливањето на пневматиците. Ако е пневматикот излижан, браздите нема да можат да примат доволно вода, вели Мати Мори, директор на техничкиот кориснички центар во Nokian Tyres. На споредбениот тест објавен во изданието 5/2019 на списанието Tekniikan Maailma, излижаниот летен пневматик со длабочина на шарата од 3-4 mm имаше видно полошо управување отколку нов летен пневматик со 7 mm газечка површина. На тој тест, новиот пневматик започна да плива при брзина од 83,1 km/h кога длабочината на водениот слој на патот достигна 10 mm, додека излижаниот пневматик започна да плива при брзина од 61,2 km/h. Со цел избегнување на пливањето на пневматиците, би требало да ги замените кога длабочината на шарата на нив ќе падне под 4 mm. DSI индикаторот за безбедност во возењето на пневматиците на Nokian Tyres го олеснува следењето на длабочината на шарата јасно означувајќи ја преостаната количина на газечката површина на пневматикот.

Новиот летен пневматик исто така ќе го скрати патот на запирање на мокри површини, иако Мори вели дека прилепувањето или запирањето на мокра подлога не треба да се мешаат со тенденцијата на пневматикот да заплива. – Категоријата мокро прилепување наведена на декларациите на европските пневматици ја означува ефикасноста на мокро прилепување на пневматиците. Со други зборови, однесувањето на мокар асфалт. Меѓутоа, тенденција кон пливање на пневматиците не може да се утврди на основа на декларацијата, потсетува тој. Покрај состојбата на пневматиците, битен фактор е и притисокот во нив. Ако притисокот во пневматикот е пренизок, можеби тој нема да може да го задржи обликот во водата. Тоа автомобилот ќе го направи подложен на пливањето на пневматиците.

Избегнувајте го заобиколувањето на локвите

Покрај висококвалитетни летни пневматици, битен е и начинот на возење и на дожд треба благо да ја намалите брзината. – Дополнително намалување на брзината е потребно кога треба да поминете низ локва вода на патот. Кога е тоа можно, треба да го избегнувате возењето по колотразите бидејќи во нив се собира вода, вели Мори. Заобиколувањето исто така не се советува. Автомобилот може лесно да започне да пролизгува ако поминете преку колотразите при менувањето на лентата. Ако и покрај овие мерки на предострожност сепак дојде до пливање на пневматиците, постапете на следниот начин:

[su_accordion][su_spoiler title=”Останете смирени” open=”no” style=”default” icon=”plus” anchor=”” class=””][/su_spoiler] [su_spoiler title=”Отпуштете ја педалата за гас и притиснете ја спојката за да го забавите автомобилот и го повратете прилепувањето – кочењето нема да ви помогне бидејќи дополнително ќе го намали прилепувањето” open=”no” style=”default” icon=”plus” anchor=”” class=””][/su_spoiler] [su_spoiler title=”Држете го управувачот право за да избегнете слетување од патот или преминување во спротивната лента кога прилепувањето ќе поврати” open=”no” style=”default” icon=”plus” anchor=”” class=””][/su_spoiler][/su_accordion]

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER