Енди Палмер го напушта кормилото на Aston Martin

Top News Вести

Енди Палмер го напушта кормилото на Aston Martin

На неговото место доаѓа првиот човек на Mercedes-AMG, Тобијас Мерс

Објавено на 26 мај 2020 година

На малку мистериозен начин, бордот на директори на Aston Martin Lagonda го смени досегашниот првиот човек на компанијата Енди Палмер и на негово место го назначи Тобијас Мерс кој доаѓа од а Mercedes-AMG. Во официјалното соопштение како причина за смената се наведува дека дошло време за ново водство на компанијата кое ќе ги спроведе плановите за иднина. Како и да е, Енди Палмер во своите шест години успеа да ја насочи марката кон попрофитабилните води, посебно со воведувањето на кросоверскиот DBX. Тој во Aston Martin дојде од Nissan и Infiniti, во време кога на британската марка и беше потребно значително зголемување на потенцијалите за успешно спроведување на својата најголема експанзија дотогаш. Како стојат работите слична е ситуацијата и сега во моментите кога на компанијата и претстојат амбициозни планови, а падот на нејзините акции за период од шест месеци ја намали нејзината пазарна вредност од повеќе од 4 милијарди на 562 милиони фунти. Со таква ситуација треба да се справи Тобијас Мерс, кој на чело на компанијата ќе дојде на 1 август годинава, а дотогаш неа ќе ја управува привремено раководство.

 

клучни зборови: