Каде можат да се купат електронските картички и тагови?
Објавено на 4 јули 2019 година
Електронскиот начин на наплата на патарините на автопатиштата низ Македонија стартуваше со работа. Како и сé кај нас, за него има многу прашања – едно од нив со суштинско значење е каде можат да се купат електронските картички и тагови. Тие на почеток ќе се продаваат само во контролниот центар на јавното претпријатие за државни патишта кој се наоѓа на патарината во Петровец. Иницијално ќе можат да се купат со 300 денари кредит, а ќе можат да се дополнуваат со износ по желба. Големо олеснување е што тоа ќе може да се стори и преку интернет. Предвидени се и попусти за поголеми суми кои се искачуваат до 7%. Се очекува набргу овие картички ќе можат да се набават и дополнат кај инкасаторите на наплатните рампи на секоја патарина. Секако, продажната мрежа ќе биде проширена и со бензинските станици на автопатиштата и со други локации.
Комплетниот наш видео прилог за новиот систем за наплата на патарините може да го погледнете на следниов линк. Сеопфатен прилог има подготвено и smartportal.mk, кој можете да го погледнете ако кликнете тука.