Електронска наплата на патарините за автопат – каде, колку…

Електронска наплата на патарините за автопат – каде, колку…

Објавено на 19 јули 2019 година

Долго очекуваната и најавувана електронска наплата на патарините на автопатиштата низ Македонија конечно започна да се применува. И нормално, за почеток, се поставуваат многу прашања – како, каде, колку… Одговорот на прво прашање ќе го дознаете на следниов линк. За второто ќе ви кажеме дека засега електронската наплата на патарините е во функција на веќе постоечките наплатни станици на автопатот од север кон југ, значи од Табановце до Градско, плус оние две кај што тој се двои кон Скопје. Кога ќе бидат готови станиците за наплата ќе бидат додадени и оние на новата делница кон Гевгелија, а за другите ќе почекаме уште малку.

Одговорот на прашањето колку, е едноставен – исто како и досега, со напомена дека постои можност за попуст до 7% во зависност од сумата што ќе се наподолни на електронските картички и тагови. Но не се надевајте многу – ако на нив ставите до 300 денари, попуст не ве следува. За сума од 301 до 10.000 денари ќе добиете 2%, до 50.000 денари ве следуваат 3%, а над тоа 5% попуст. Доколку пак на својата електронска смета искеширате повеќе од 300.000 денари, односно пет илјади евра, тогаш можете да сметате на цели 7% попуст на патарината.

А таа, според делниците, за патнички возила изнесува:

  • Куманово-Миладиновци – 60 денари
  • Скопје-Миладиновци или Петровец – 40 денари
  • Петровец-Велес – 80 денари
  • Велес-Градско – 60 денари
  • Скопје-Тетово – 2×40 денари
  • Тетово-Гостивар – 2×30 денари

Кога ќе започне да се наплаќа патарина на делниците од новите автопатишта низ Македонија, ќе треба да се плати уште и за:

  • Градско-Демир Капија – 80 денари
  • Демир Капија-Гевгелија – 100 денари
  • Миладиновци-Свети Николе – 70 денари
  • Свети Николе-Штип – 50 денари

Оние кои нема да ја возат целата делница од Демир Капија до Гевгелија, ќе плаќаат:

  • Миравци-Демир Капија – 60 денари
  • Миравци-Гевгелија – 50 денари
  • Смоквица-Демир Капија – 70 денари
  • Смоквица-Гевгелија – 30 денари

Напоменуваме уште еднаш дека ова се цените за патнички возила, односно возила од прва Б категорија со две оски и висина кај предната оска помала од 1,3 метри. Висината на возилото се мери автоматски со помош на оптички сензори вертикално од коловозот до највисоката точка на возилото над предната оска. Доколку сметате дека системот го има класифицирано вашето возило во погрешна категорија, обратете се на инкасаторот кој има право да изврши корекција на категоријата, а со тоа и на сумата што треба да ја платите.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER