Електрични возила – греењето ”влече”

Занимливости насловна

Дали зимата влијае на ЕВ?

Сезоната на ниски температури предизвикува прашања како ЕВ го поднесуваат студот?

објавено 15. јануари 2021

Електричните возила доживуваат бум на пазарот. Покрај скептицизмот и реалните проблеми со инфраструктурата за полнење на поголемиот дел од планетата се наметнува едно логично сезонско прашање. Дали ниските температури ги смалуваат можностите на ЕВ, особено на издржливоста на батеријата? Одговорот е негативен, впрочем и доста охрабрувачки. Студените температури можат да влијаат на ефикасноста на сите возила и не е дека современите ЕВ на батерии имаат значително полоши перформанси при ладни температури. Еден од најголемите потрошувачи на складираната струја во батериите е греењето и ладењето на кабината. Кај возилата со мотор на внатрешно согорување околу една третина од согорувањето на горивото во моторот се губи како како топлина, од која дел може да се користи за загревање на внатрешноста. Во електрично возило, каде моторот може да биде ефикасен до 95 проценти, нема резервна енергија да се користи за контрола на климата во внатрешноста. Напојувањето на тие грејачи го намалува опсегот на ЕВ за умерено количество, особено на температури под нулата. Затоа производителите вложуваат значителен напор во редуцирање на овие ”загуби”. Volkswagen, на пример, кај електричниот ID.4 има вградено технологии наменети за оптимизирање на ефикасноста на греењето, а истовремено минимизирање на влијанието на ладните температури врз возилото.

Првиот е претходно загревање. Исто како што луѓето ги загреваат возилата на фосилни горива, мобилната апликација Volkswagen Car-Net¹ овозможува загревање на кабината додека возилото е сè уште поврзано на полначот. Така се користи енергијата од мрежата и се сочувува нивото на наполнетост на батеријата, а со тоа автономијата на движење. Секој VW ID.4 доаѓа со загревани предни седишта и волан, две важни карактеристики во зимските месеци, бидејќи тие го загреваат тело директно, обезбедувајќи ефикасен начин за брзо загревање во студените денови. Електричниот крос-овер има и грејач на електричен отпор како дел од системот за автоматска контрола на климата, кој е дизајниран да дојде до температура побрзо од традиционалните грејачи. До следната зима, ID.4 ќе има уште една алатка што ќе помогне да се справиме со она што го подготвува мајката природа: достапен погон на сите тркала, со 302 коњи обезбедени од два електромотори. ЕВ веќе ги покажаа своите способности за ладно време во други земји, како што е Норвешка, каде тие учествуваат со 40 проценти од целата продажба на возила. Тоа дава за право да заклучиме дека за електричните возила нема зима!