Електричните тротинети во Германија станаа рамноправни
објавено на 21 мај 2019 година
Колку и да звучи чудно, горниот дом на германскиот парламент изгласа закон со кој им дозволи на електричните тротинети да возат по патиштата и велосипедските патеки, што автоматски значи дека тротоарите ќе се ослободат за пешаците. Со законот е регулирано тие да се движат со брзина до 20 km/h и да бидат управувани од лица постари од 14 години. Оваа вест израдува доста компании кои својот бизнис го темелат на производство или изнајмување на овие еколошки превозни средства на утрешнината. Меѓу нив се и Volkswagen и Seat, кои веќе претставија свои модели на електрични тротинети.