Електричните возила пред нови предизвици :: Се вмеша и Amnesty International

Се вмеша и Amnesty International

Во моментите кога Европа е пред првиот бран на масовната електрификација, авто-индустрија се соочува со нови проблеми

Објавено на 8 април 2019 година

Веќе некое време актуелното прашање за зависноста на производителите на електричните возила од азиските производители на батерии добива нови димензии. Како што на тркалезната маса организирана од AutoBest кажа првиот човек на PSA Карлос Таварес, до ова дојде заради притисокот од политичарите да се забрза целиот процес. Производствените капацитети за батерии во Европа се недоволни, а за да се создадат нови за целиот циклус ќе треба да поминат четири до пет години. Производителите на возила тоа време го немаат, така што решението мора да го бараат кај постоечките добавувачи кои се главно од Јужна Кореја и Кина. Загриженоста за ова доаѓа од таму што во моментов батериите чинат околу 40% од цената на електричните возила, што значи дека добар дел од вредноста на автомобилите ќе се прелее во Азија.

Проблем во батериите гледа и Amnesty International, од каде предупредуваат дека тие директно се поврзани со кршењето на човековите права. Оваа независна меѓународна организација тврди дека во некои земји минералите потребни за нивно производство се вадат на неетички начин, односно со користење на детска работна сила. Таа јавно ги повика сите производители на компоненти и возила да ги објават податоците за тоа од каде се набавуваат репроматеријалите за батериите, што некои веќе го сторија. Електричните автомобили ќе имаат важна улога во решавањето на климатските кризи заради што се потребни навремени промени во начинот на производството на нивните батерии, заклучуваат од Amnesty International. Дополнително на ова, тие посочуваат и на еколошките ризици бидејќи земјите каде се одвива тоа како извор на електрична енергија главно користат јаглен и други загадувачки горива. Според нив потребно е да се вложат дополнителни напори во секоја фаза на производствениот циклус на батериите и електричните возила, за решенијата за иднината да не бидат засновани на неправдите од минатото.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER