Електрична кинеска офанзива на Европа

Ризици и за двете страни

Силното присуство на Кина на автосалонот во Минхен најавува нови предизвици

Како што созрева кинеската индустрија за електрична мобилност, така водечките производители на автомобили и батерии си поставуваат за цел да го зајакнат своето присуство во Европа како клучен дел од нивната глобална стратегија за проширување. Важен чекор во тоа ќе биде одржувањето на манифестацијата наречена World New Energy Vehicle Congress кој во суштина е трговски саем на кинеската електрична мобилност. Закажан за 6 септември како дел од IAA Mobility во Минхен (кој ќе трае од 5 до 10 септември), ова ќе биде прв пат овој настан да се одржува надвор од Кина.

Според организаторите на IAA, здружението на германската автомобилска индустрија VDA, годинава во споредба со 2021-вата ќе бидат присутни речиси двојно поголем број кинески компании. Меѓу нив се BYD, MG, Xpeng, Leapmotor, Seres и Dongfeng, како и производителите на батерии CATL, Farasis Energy и други. За аналитичарите силното присуство на Кина на IAA ја нагласува растечката закана за етаблираните европски производители на автомобили и ја загрозува нивната доминација. Кинезите својата можност ја гледаат во влезните сегменти со пониски, каде освен најави моментално нема ништо. Ризици секако има и за нив бидејќи европскиот пазар е доста предизвикувачки за сите странски играчи, а потеклото и брендот се многу важни за традиционално скептичните европски купувачи. Плус на сé, разликите од земја до земја се доста големи што малку е тешко тие да го разберат бидејќи Европа во целина ја гледаат како еден регион.

Како и да е, две работи се јасни – Кинезите имаат уште да учат, но ќе го сторат тоа побрзо од Јапонците или Корејците на кои им требаа децении бидејќи многу брзо се прилагодуваат.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER