Европски автомобилски пазар – Скок од 20 проценти

VW вкупен лидер, Tesla најпродавано ЕВ

Податоците собрани од JATO на 28 европски пазари, покажуваат дека речиси 900.000 нови возила биле регистрирани во август. Регистрациите на нови автомобили во Европа се зголемија за 20% во август во споредба со истиот месец минатата година, поттикнати првенствено од побарувачката за електрични возила низ целиот континент. Продажбата на нови ЕВ се зголеми за 102% со приближно 196.000 додека возилата што користат бензин како погонско гориво имаат пораст за 11%. Голем скок во побарувачката за електрични возила со батерии значително скокна на одредени пазари низ Европа.

Тука спаѓаат Белгија каде растот е 224%, Грција со скок за 183%, Луксембург за 164%, и Португалија исто така за 164%. Електричните возила се особено популарни во Германија со пораст на регистрациите за 171%. Всушност, самата Германија сочинува 44% од целата побарувачка на ЕВ во Европа. Лидер кај овие возила е Tesla со Model Y и Model 3 кои остануваат двете најпродавани ЕВ во Европа. Во август беа регистрирани околу 21.549 примероци на Model Y (+208%) и 11.943 Model 3 (+307%).

Третиот најбаран EV беше VW ID.4 со 9.135 регистрации (+61%) и ID.3 со 6.835 регистрации (+86%). Кога станува збор за електричните возила MG учествуваше со 69% од сите кинески возила продадени во Европа,  а нив ги има 197.800. Гледајќи го целокупниот пазар на автомобили во Европа, VW продолжува да води. Продаде вкупно 99.266 возила во август, што е зголемување од 10% во однос на август 2022 година. По него следуваат Toyota со 59.132 продажби, BMW со 52.334, Audi со 51.132 и Skoda со 49.996 продажби. Топ 10 го заокружија Mercedes (48.511), Peugeot (41.869), Renault (40.822), Kia (40.712) и Hyundai со 38.925 продажби.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER