Европската продажба на автомобили помала за 25 отсто

Top News Занимливости

Европската продажба на автомобили помала за 25 отсто

Објавено на 26 јуни 2020 година

Според асоцијацијата на автомобилски производители во Европа ACEA, прогнозата за 2020-тата е најслаба во последните седум години, со најостар пад кој било кога ја задесил европската автомобилска индустрија. Во проценти изразено тоа е 25 отсто, за колку тие проценуваат дека ќе се намали пазарот на нови автомобили во Европа како последица на коронакризата. Нивните бројки велат дека годинава ќе има 3,2 милиони помалку купувачи отколку во 2019-тата – 9,6 место 12,8 милиони. Во првите пет месеци пазарот опадна повеќе – за 41,5 отсто на годишно ниво, но со укинувањето на ограничувањата и враќањето во погон на фабриките се очекува опоравување. Заради тоа, тие сметаат дека итно се потребни интервенции во вид на субвенции за да колку-толку се стимулира побарувачката за нови автомобили за да не дојде до колапс на целиот сектор.