Дури 32.000 резервации за Ford Mustang Mach-E

Top News Новитети

Дури 32.000 резервации за Ford Mustang Mach-E

Ford се пофали дека за електричниот Mustang Mach-Е примил 32.000 резервации

Објавено на 1 февруари 2020 година

Само за два месеци откако беше претставен на салонот на автомобилите во Лос Анџелес, дури 32.000 купувачи направиле резервации за електричниот Mustang Mach-Е на Ford. Првичните реакции на публиката беа малку контроверзни главно заради користење на името на мускулестиот спортист, но бројките кажуваат дека тоа беше само моментален рефлекс на љубителите на вистинските американски легенди, каква што е самиот Mustang. Другите пак го дочекаа со раширени раце и отворени паричници од кои засега извадија само по 500 долари за да ја потврдат својата намера да станат негови сопственици откако тој при крајот на годинава ќе започне да се произведува. Од Ford се убедени дека огромен процент од направените резервации ќе се реализираат, за разлика од Tesla Model 3 чија стапка на откажување на веќе направените резервации се движеше меѓу 12 и 23 отсто. Цената на Ford Mustang Mach-E се движи меѓу 43.895 и 60.500 долари, без пресметани субвенции за купување електрично возило.

Ford планира годишно да произведува по 50.000 примероци од овој електричен модел. Првите 4.000 ќе бидат наменети за дилерите и за самиот Ford, за презентирање на возилото.

клучни зборови: ,