Драстичен пад на продажбата на нови автомобили » Крива е Кина!

Крива е Кина!

Објавено на 30 ноември 2019 година

Според статистичките податоци, светската автомобилска индустрија го забележа најголемиот пад на продажбата на нови возила од 2008 година. Во милиони изразено таа досега годинава е во минус за 3,1, а во проценти за околу четири во однос на претходната година. Сериозен сигнал е и тоа што оваа е втора по ред година во која глобалната продажба се намалува. Затоа и 2019-тата иако не е завршена, ќе остане запаметена по најсилното намалување на продажбата на нови возила после глобална финансиска криза која го потресе светот во 2008-тата.

Предвидувањата се дека оваа година ќе бидат продадени 77,5 милиони возила, за разлика од ланската кога беа пласирани 80,6 милиони и годината пред неа со 81,8 милиони нови возила. Клучниот пресврт се случи на средината на 2018-та, кога сé уште се гаеја позитивни перспективи. Но повеќе фактори кои тогаш не беа земени предвид оневозможија оптимизмот да превладее. Слабиот раст на кредитирањето, зголемената побарувачка за половни возила и примарно новите стандарди за проверка на емисиите на издувните гасови го сторија своето. Најмногу во Кина, која одамна е најголем светски пазар, а со тоа и највлијателен во глобалните бројки. Таму за првите 10 месеци оваа година продажбата на нови возила потона за 11 отсто. Минуси забележаа и пазарите во Западна Европа, Бразил, Русија, Индија…

Заради тоа малку има причини да се претпоставува позитивен пресврт и во 2020 година, што значи дека и понатаму автомобилската индустрија веројатно ќе продолжи да работи со еден голем тег кој ќе ја влече наназад.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER