Уште не се знае кој електричен автомобил ќе произведува
Додека Stellantis официјално ги крие деталите, претседателот на синдикатот на фабриката во Крагуевац јавно изјави дека пробното производство на електричното возилото ќе стартува до крајот на годинава. Инвестицијата за тоа во висина од 190 милиони евра беше најавена лани ова време, но сé уште не се знае кој модел ќе излегува од погоните на некогашната Zastava каде во тек е монтажата на нова современа опрема. Според плановите редовното сериско производство се очекува да стартува за седум до осум месеци после тоа, значи некаде во текот на летото идната 2024-та. Неофицијално се дознава дека автомобилот што ќе се произведува во Србија би можел да биде наследникот на Fiat Panda или пак електрична верзија на Citroen C3.
До лани во Крагуевац се произведуваше моноволуменскиот Fiat 500L, кој никогаш не се доближи до очекуваните бројки.


