Добра вест за корисниците на Паркинзи на општина Центар

Top News Македонија

Добра вест за корисниците на Паркинзи на општина Центар

Објавено на 11 јули 2019 година

Со новата веб платформа, услугите на јавното претпријатие Паркинзи на општина Центар сега се достапни онлајн, во секое време. Целосната дигитализација им овозможува на корисниците брзо, лесно и едноставно користење на сите услуги на претпријатието со само еден клик, од бил кој уред, односно ќе нема повеќе потреба да се доаѓа во просториите на претпријатието. Дополнително, на новата веб платформа преку чат, граѓаните ќе можат да бидат во постојана 24-часовна комуникација со вработените и во секое време да ги адресираат своите прашања, жалби, барања и друго. Новата веб страница поседува вградена заштита од неавторизиран пристап кон податоците од посебен интерес и ги задоволува највисоките стандарди за заштита на податоците на корисниците на ЈП Паркинзи на Општина Центар. Сé што е потребно е да се креира личен профил на веб страницата на ЈП ПОЦ после што ќе можат по електронски пат да склучуваат и продолжуваат договорите за резиденти и нерезиденти или да се изврши електронска наплата за истите, а како опција договорот и/или картичката во промотивниот период бесплатно ќе им бидат испорачани на домашна адреса. Регистрираните корисници ќе добиваат смс и е-маил нотификации како потсетник за истекување на корисничките договори 30, 15 и 1 ден пред тоа. Ќе може да се плаќаат и дневна паркинг карта (ДПК), месечен билет и други типови на билети, да се вршат проверка на состојба на М-картата со целосен увид на билансот, како и да се пријави гостинска регистарска табличка, провери на состојбата на гостинските часови и надополнат и наплатат истите преку кредитна картичка, трансфер на пари и/или е-вирман.