Дитер Цече го напушта кормилото на Daimler

Дитер Цече го напушта кормилото на Daimler

Германскиот производител го најави напуштањето на долгогодишниот директор Цече на својата функција
Објавено на 27 септември 2018 година

Од идната година Дитер Цече нема повеќе да го предводи Daimler. Согласно со својата развојна стратегија, производителот од Штутгарт соопшти дека од Цече повеќе нема да биде на чело на компанијата. Одлуката треба да стапи на сила после собранието на акционерите закажано за 22 мај 2019-тата. Цече кој истовремено ќе биде сменет и од раководното место на патничкото одделение на Mercedes-Benz сепак ќе остане во компанијата – после двегодишниот период во кој ќе нема право да биде на управувачки функции, во 2021 година треба да го презеде претседавачкото место во надзорниот одбор на групата. Неговото сегашно место пак, треба да го зазеде шведскиот менаџер Ола Калениус, кој од годинава е директор на одделението за истражување и развој во Mercedes-Benz Cars.

Препознатливиот 65-годишен мустаклија веќе 13 години е на позицијата претседател на бордот на директори на Daimler. Роден е во Турција, каде неговиот татко работел на конструкција на брана. Инженерското образование во целост го има стекнато во Германија. Иако во соопштението за јавност од Daimler се наведува дека овие активности се дел од подготовките за новиот курс кон иднината, смената на Цече доаѓа во чувствителен период за компанијата и воопшто за германската автомобилска индустрија.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER