Дипломатскиот тениски турнир на Peugeot
Спортско дружење на кое секој е добредојден
Објавено на 8 октомври 2018 година
Еуроимпекс со Peugeot како постојан поддржувач на тенискиот спорт учествуваше во поддршката на годинешниот дипломатски тениски турнир. Присутните беа соодветно пречекани со Peugeot 3008 SUV кое беше пријател на настанот организиран во соработка со Францускиот институт во Скопје, Дипломатскиот клуб и МНР. На турнирот се одржа на терените на тенискиот клуб „Евросет“ учествуваа 33 лица. Станува збор за традиционален дипломатски тениски турнир, на кој земат учество претставници на дипломатскиот и конзуларниот кор во Република Македонија, претставниците на меѓународните организации и вработени во Министерството за надворешни работи на Република Македонија. Годинешното издание беше во знак на 25-та годишнина од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Франција и Македонија.