Дизелот повторно поскап, бензинот повторно не
Објавено на 26 август 2019 година
Како и минатата недела, така и оваа регулаторната комисија за енергетика одлучи од полноќ цената на дизел горивото кај нас повторно да се зголеми, и овој пат за половина денар по литар, со што неговата цена се искачи на 61 денар. Истовремено, цената на бензините останува иста – еуросупер БС-95 ќе се продава за 66,50 денари за литар, а еуросупер БС-98 за 68,50. Причини за ова поместување на цената на дизелот се зголемувањето на неговата референтна цена на светските берзи за 0,447% и поскапувањето на доларот за 0,923%. Референтната цена на бензинот во изминатиот седумдневен период забележа намалување за 0,613%, со што се спаси од покачување.