Две нови награди за Peugeot

Две нови награди за Peugeot

На церемонијата која ја организираше компанијата Coyote, новиот Peugeot 508 ја доби наградата Coyote Car 2019, а концептот e-Legend првата награда Play Station за најдобар автомобилски концепт
Објавено на 19 декември 2018 година

Составен од пет милиони членови во Европа, Coyote секојдневно ги следи возачите на патот. За прв пат сакаше да ги спои и награди автомобилите со избирање на најистакнатите модели и опрема во изминатата година. Новиот Peugeot 508 ја доби наградата Coyote Car 2019. Оваа награда беше доделена од страна на Coyote, кој ја избра новата радикална лимузина на Peugeot. За оваа лимузина презентирана пред јавноста во март оваа година на салонот во Женева а пуштена во продажба на 7 октомври година, веќе има повеќе од 7.000 нарачки во Европа, од кои повеќе од 4.000 се во Франција.

Peugeot e-Legend ја доби наградата Play Station која се дава за најдобар концепт на автомобили. Жирито кое се состоеше од експерти за автомобилско новинарство кои беше воодушевено од овој концепт кој носи возбудлива визија за идните автономни, електрични, поврзани и персонализирани автомобили, според мислењето на Peugeot. Марката исто така го освои првото место во категоријата Дизајн со новиот Peugeot 508 SW, чиј впечатлив изглед никого не остава рамнодушен благодарение на ниската и динамична силуета.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER