Дали Renault ќе го спаси Mitsubishi? – Одговорот лежи во Ampere

Одделението за електрични возила  на групацијата Renault ќе конструира компактен кросовер за Mitsubishi

Јапонската трикрака ѕвезда се соочува со сериозни проблеми. Марката Mitsubishi, која важеше за нешто во светот на четирите тркала падна ниско, особено во Европа каде во трите квартали на тековната година успеа да продаде само  29.854 возила. Катастрофалниот пад од 28 отсто во изминатите девет месеци на 2023 се должи на падот на побарувачката за Eclipse Cross. Продажбата на моделот е намалена за повеќе од 12.000 единици во споредба со истиот период минатата година.

Сламка на спасот може да биде биде Renault кој досега му помогна на Mitsubishi да ја обнови својата европска гама со јапонизираните верзии на сопствените модели, почнувајќи од малиот кросовер ASX, кој всушност е Renault Captur, со сменето лого и некои детаљи. Тој започна да се продава во март исто како и малиот Colt кај кого се примени истата трансфомација на популарниот Renault Clio.

Сега повторно Французите им подаваат рака на Јапонците откако тие решија да вложат  200 милиони евра во Ampere на Групацијата Renault. Подружницата за електрични возила ќе произведе компактен електричен кросовер за партнерот Mitsubishi. Згора на тоа, Nissan кој има мнозински удел во Mitsubishi, соопшти дека ќе вложи 600 милиони евра во Ampere. Новиот модел за Mitsubishi ќе биде изграден на платформата Renault-Nissan Alliance CMF-EV за компактни возила, сега преименувана во AmpR Medium, изјави извршниот директор на Renault и Ampere, Лука де Мео.

Повеќе детали за автомобилот ќе бидат откриени во 2024 година. Mitsubishi беше пионер во светот на електричните возила со i-MiEV лансиран во 2010 година. Со ова портфолиото на   Ampere ќе се збогати со уште еден производ кој ќе им се придружи на Renault Scenic E-Tech и кросоверот Alpine GT очекувани вгодина. Исто така, Ampere ќе произведува два мали модели за Renault, најавените електрични R4 и R5, новиот мал автомобил Micra за Nissan и Alpine A290, верзија на Renault 5.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER