Дакар 2019 :: Ал-Атија ѝ го донесе првиот триумф на Toyota

Ал-Атија ѝ го донесе првиот триумф на Toyota

Со победа на Ал-Атија и Toyota заврши годинешното рели Дакар
Објавено на 18 јануари 2019 година

После 10 етапи и 5.000 километри, заврши 41-то издание на Дакар. Најуспешен во суровиот и опасен маратон на тркала беше Насер Ал-Атија, кој ѝ ја донесе првата победа на Toyota. До својот трет триумф ветеранот на ова рели стигна со предност од скоро 47 минути пред Шпанецот Нани Рома со Mini. Славниот Себастијан Леб со Peugeot не можеше да се носи со нив и заврши на третата позиција. Повратник на победничкото место имаше и меѓу мотоциклистите, каде Австралијанецот Тоби Прајс со KTM за само 9 минути и 13 секунди беше побрз од својот тимски колега Матијас Валкнер. Од истиот тим беше и третопласираниот Сем Сандерленд. Кај камионите немаше изненадувања – Русинот Едуард Николаев со Kamaz по петти пат најбрзо ги совлада тешките километри на јужноамериканските беспаќа. Друштво на подиумот му правеа сонародникот Димитри Сотников исто со Kamaz и Холанѓанецот Жерард де Рој со Iveco. Победите во останатите две категории ги однесоа Аргентинецот Николас Кавиљасо и Чилеанецот Франциско Лопез Контардо.

Ова беше прво рели Дакар во историјата кое се возеше во само една земја, во Перу. Заради низа причини неговото одржување сериозно беше доведено во прашање, така што организаторите планираат повторно да се вратат во Африка.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER