Грешка тешка 1,4 милиони евра » Сакал еден, купил 27 автомобили Tesla Model 3

Сакал еден, купил 27 автомобили Tesla Model 3

Он-лајн купувањето знае некогаш да биде незгодно…

Објавено на 25 јуни 2020 година

Еден Германец сакал да си купи нов автомобил Tesla Model 3, преку интернет, нормално. И седнал човекот зад компјутер, пополнил нарачка стиснал каде треба да потврди и ништо – добил порака дека нарачката не му поминала. И така едно 27 пати. Арно ама, нарачката поминала, и тоа сите 27 пати и место 52.000 евра, добил сметка за плаќање од 1,4 милиони евра. Се обидел да ги откаже 26-те вишок нарачки, ама Илон Маск му барал за тоа 2.600 евра… На негова среќа, вработените во Tesla увиделе дека во тој момент програмата за нарачки не работела како треба и покажале разбирање. Така Германецот ќе си вози нова Тесла, а други 26 купувачи ќе чекаат помалку на своите возила…

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER