Го дочекавме и новиот Renault 4

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Враќање на легендата, сега во теренско руво

Уште при претставувањето на идниот Renault 5 лани во јануари беше јасно дека тој е претходница на серија нови електрични автомобили кои силно ќе удар по емоциите на купувачите. Посебно возбудлива беше помислата на легендарниот Renault 4 кој и покрај годините сé уште има голем број поклоници. Затоа со нетрпение се очекуваше салонот на автомобилите во Париз, за каде француската марка ја закажа неговата премиера.

Е ете, и тоа се случи – дочекавме да го видиме Renault 4 од новиот милениум, кој сега има грубо теренско руво. Концептот има ознака 4Ever Trophy и се протега на 4.160 милиметри должина и 1.950 широчина. Големата височина од 1.900 милиметри и меѓуоскиното растојание од 2.570 mm му дава лут пустински изглед и застрашувачки пропорции. Електричното срце на концептното возило има 134 коњски сили а батериското пакување од 42 kWh овозможува околу 400 километри автономија. Сериската верзија е планирана за продажба во текот на 2025 година, така што многу работи во ентериерот сигурно ќе доживеат трансформација.

Францускиот производител нагласува дека ќе го смести во истиот сегмент во кој сега се натпреварува доста успешниот Captur, што може да послужи како најава за неговата цена.

 

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.00 ден
  • еуросупер 98 - 82.50 ден
  • еуродизел Д5 - 81.50 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 123.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER