Горивата уште еднаш драстично поевтинуваат

Top News Македонија

Горивата уште еднаш драстично поевтинуваат

Објавено на 23 март 2020 година

Блиц вести: Регулаторната комисија за енергетика одлучи горивата кај нас уште еднаш драстично да поевтинат – за 3 односно 5 денари по литар. Со тоа сите ние од ноќеска на полноќ ќе точиме бензин од 95 октани по најниска цена откако овој вид гориво кај нас е воведен – 49,50 денари. Цената на поскапиот бензин од 98 октани се корегира за минус 4,50 денари и ќе изнесува 52 денари за литар. Дизелот и овој пат помина со поблаго поевтинување и ќе чини 45,50 денари.