Горивата поевтинуваат за цел денар

Top News Македонија

Горивата поевтинуваат за цел денар

Објавено на 30 септември 2019 година

После минатонеделното поскапување, регулаторната комисија за енергетика донесе одлука да ни ги поевтини горивата за еден денар. Така, од ноќеска среде ноќ за литар еуросупер БС-95 ќе плаќаме по 68,50 денари, за литар еуросупер БС-98 по 71, а за литар од еуродизелот Д-Е V по 63 денари. До ова намалување на малопродажните цени на горивата кај нас во просек за 1,77% дојде по заслуга на намалувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период – кај бензинот за 4,35%, а кај дизелот за 3,36%. Можеби поевтинувањето ќе беше поголемо доларот да не поскапеше за 0,62%.