Горивата драстично поевтинуваат

Горивата драстично поевтинуваат

Објавено на 12 ноември 2018 година

Не, не е некој нов празник ниту пак 1-ви април дошол годинава подоцна – горивата навистина повторно поевтинуваат, овојпат драстично. Според регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија која е задолжена за конверзија на светските проценти во наши, од утре за нафтените деривати ќе плаќаме во просек за 5,54%. Така, заради намалувањето на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период за 9,06% и референтните цени на дериватите – на бензинот во просек за 8,33% а на дизелот за 3,66%, и покрај поскапувањето на доларот за 0,214% цената на еуросупер БС-95 се намалува за 4,50 денари за литар во однос на досегашната, онаа на еуросупер БС-98 за 4, а на Еуродизел Д-Е V за 3 денари за литар. Со други бројки кажано, утрешниот ден ќе го дочекаме со цена од 67 денари за бензинот, 69 за оној од 98 октани и 64,50 денари за дизелот.

Колку и да се весели овие вести, не може а да не забележиме дека никогаш досега цените на бензинот и дизелот не биле толку блиску една до друга. Затоа, љубители на дизел автомобилите, полнете ги резервоарите – којзнае што ве чека за две недели.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER