Ревносно следејќи ги движењата на светскиот пазар, регулаторната комисија за енергетика одлучи од ноќеска на полноќ да ни ги поевтини бензинот за 2,50 односно 2 денари. За оваа нивна одлука клучно влијание имаше намалувањето од 4,118 отсто на неговата референтна цена на берзите во споредба со претходната пресметка од пред само два-три дена. Намалувањето на цената на дизелот за 2,823 отсто не беше доволно да се преслика и кај нашите цени, исто како и поевтинувањето на доларот за 0,713 отсто. Можеби наредниот пат, но дотогаш за литар еуросупер БС-95 ќе плаќаме по 82,50 денари, за литар БС-98 по 85, а за литар дизел по 74 денари.


