Ги наполнивте резервоарите? Горивата поскапеа!

Ги наполнивте резервоарите? Горивата поскапеа!

Ви кажавме, требаше да нé послушате

Објавено на 12 мај 2020 година

Според одлуката на регулаторната комисија за енергетика, од денес горивата кај нас поскапеа како последица на покачувањето на берзанските цени на нафтените деривати. Како што се очекуваше, поскапувањето е значајно – за дури 3,50 денари за литар. Во образложението регулаторната комисија вели дека до тоа е дојдено заради движењата на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период кои забележаа зголемување кај бензинот за 47,58% и кај дизелот за 41,13%. Истовремено доларот поевтини за 0,025%, така што имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според утврдената методологија, литар еуросупер БС-95 во наредните седум дена ќе чини 54 денари, литар еуросупер БС-98 56, а литар еуродизел Д-Е В 45,50 денари.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER