Германците бараат » Петиција да се врати Лада

Петиција да се врати Лада

Објавено на 27 јуни 2020 година

Под притисок на сé построгите еколошки норми, Лада се повлече од европскиот пазар. Но на Германците иако силни поборници на екологијата, тоа не им се допадна – тие покренаа петиција со барање Лада и понатаму да се продава во земјите од Европската Унија. Сепак тешко дека нешто ќе се изроди од тоа бидејќи таа е упатена на производителот АвтоВАЗ, корпорацијата Renault-Nissan-Mitsubishi, руското министерство за економски развој и руската амбасада во Берлин. Тоа значи дека тие не бараат европските законодавци да направат исклучок, туку автомобилите Лада да се прилагодат на нормите со што повторно би им се отворил европскиот пат. Иницијаторите на петицијата велат дека враќањето на Лада во Европа е важно бидејќи марката нуди модели кои се достапни на сите. Нагласуваат и дека веќе околу 40 години имаат обожаватели и постојан круг купувачи во Германија и ЕУ. Се разбира, петиција ја поддржа и официјалниот дистрибутер на Лада во Германија.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER