Германија – Нема љубов без пари

Со укинувањето на субвенциите во Германија е забележен шокантен пад на продажбата на БЕВ

Продажбата на БЕВ во јануари во Германија опадна за 55% поради отсуството на стимулациите за купување на овакви возила. Како и поголемиот дел од остатокот од светот, Германија претходно даваше даночни олеснувања за граѓаните кои купуваат електрични возила.

Меѓутоа, во декември, владата одлучи да ја прекине програмата за поттикнување, а како последица на тоа, продажбата на електрични возила се намали драстично. Во споредба со декември 2023 година, продажбата на нови електрични возила е намалена за 54,9 отсто, додека продажбата на plug-in хибриди е намалена за 19,6 отсто во првиот месец од 2024 година.

Од друга страна, продажбата на возила со мотори со внатрешно согорување е зголемена 9,1 отсто за бензинците  и 9,5 отсто за дизелите. Генерално, во Германија пазарот на возила во јануари 2024 година се намали за 11,7 проценти во споредба со декември 2023 година. Но, отсуствот на субвенциите не е главна причина за овој голем пад на продажбата на возила. Главен виновник е слабата економија, високите финансиски трошоци и значителните геополитички тензии.

Со оглед дека предвидувањата за германската економија се уште се мрачни, аналитичарите предвидуваат дека намалувањата на цените на БЕВ ќе продолжат и во 2024 година. Асоцијација  на германски автомобили производители VDA предвидува намалување на продажбата на годишно ниво од 1% на германскиот пазар на автомобили и таа ќе се намали на 2,82 милиони автомобили, што е пад од 25% од нивото пред пандемијата. Конкретно, предвидувњата се дека продажбата на електрични возила ќе се намали за околу 9% во оваа година, и покрај порастот на производството од 19%.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER