Во Европа постојат 322 фабрики од автоиндустријата

Една има и во Македонија

Вкупно 26 земји од Европа и нејзиното блиско опкружување имаат фабрики од автоиндустријата

Европската асоцијација на автомобилски производители ACEA објави преглед за распространетоста на автомобилската индустрија на Стариот Континент и земјите што гравитираат кон него. Опфатени се сите држави сé до Казахстан во кои егзистираат вкупно 322 фабрики за автомобили, комерцијални возила, автобуси, погонски склопови и батерии. Од нив 213 се во Унијата, а останатите во другите земји. Како што се гледа од табелата, најмногу фабрики има во Германија – вкупно 54. Следат Велика Британија со 36, Русија со 32 и Франција со 31 фабрика. Само за автомобили постојат 127 фабрики, најмногу повторно во Германија. На листата се наоѓа и Македонија – наш претставник е фабриката за автобуси на Van Hool.

Автомобилскиот сектор само во Европската Унија директно и индиректно вработува 13,8 милиони луѓе, од кои 2,6 милиони работат на производство на возила.

автомобили комби возила камиони автобуси мотори батерии вкупно
Австрија 1 1 2 2 1 6
Белгија 3 2 2 2 8
Хрватска 1 1 1 1
Чешка 4 1 3 2 1 9
Финска 1 1 2 3
Франција 12 4 4 7 6 5 31
Германија 24 10 3 3 14 12 54
Унгарија 3 2 2 1 7
Италија 9 3 3 3 7 2 23
Холандија 2 1 3 2 1 1 9
Полска 1 3 2 5 7 2 19
Португалија 2 1 1 1 5
Романија 2 2 2 3 1 6
Словачка 4 1 2 5
Словенија 1 1 2
Шпанија 8 4 2 5 3 3 16
Шведска 2 2 3 3 1 9
ЕУ 80 27 28 38 52 38 213
Белорусија 2 1 2 1 4
Казахстан 2 2 4 5 6
Македонија 1 1
Русија 13 6 9 9 6 1 32
Србија 1 1 2 3
Турција 4 7 5 7 4 1 16
Украина 3 1 2 5
В.Британија 19 1 4 4 8 2 36
Узбекистан 3 2 2 2 1 6
вкупно 127 46 56 71 71 42 322

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER