Во борбата за опстанок – Fisker ги намалува цените за дури 39%

Производителот на електрични автомобили очајно се бори да остане во бизнисот со драматични попусти

Хенрик Фискер во своето минато беше респектабилен дизајнер на автомобили, но откако ја формира својата компанија за електрични возила, таа секогаш била на стаклени нозе. По лансирањето на првиот сериски модел, кросоверот Ocean, марката повторно е во финансиски проблеми. За да преживее понуди неразумни попусти кои достигнуваат и до 24.000 долари.

Така најопремената верзија на Ocean наречена Extreme која се продаваше за 63.799 долари, сега се нуди за 39.799 долари. За изведбата со средното ниво Ultra се одобрува попуст од 18.000 долари додека за основната Sport 14.000 долари. На почетокот на месецот беше сопрено производството поради неликвидност со предупредување, дека можеби компанијата ќе мора да поднесе барање за банкрот, доколку не може да го сервисира својот долг. Иако намалувањата на Fisker се огромни, другите производители на БЕВ  предводени од Tesla значително ги намалија цените на своите возила.

Американскиот пазар на БЕВ значително е забавен бидејќи потрошувачите се воздржуваат од сѐ уште високите цени и несоодветната инфраструктура за полнење. Оние што веќе купиле Fisker пред намалувањето на цената изразуваат големо незадоволство и загриженост. Доколку Fisker банкротира како тие ќе ги остварат гаранциските права и понатамошното одржување на веќе купените возила?

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER